×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ѓорѓиевски: Делата нудат трајно добро

    22.03.2013 13:02 | KumanovoNews

    Кандидатот од Коалицијата За подобра Македонија, Зоран Ѓорѓиевски денеска на прес - конференција им порача на кумановчани да гласат за дела, бидејќи на градот  му требаат промени.

    Ѓорѓиевски: Делата нудат трајно добро

    Јасно покажавте дека вие сте тие на кои им е потребна промена во Куманово. Како кандидат за градоначалник го истакнувам и моето задоволство од целокупната кампања за која се трудевме од првиот до последниот ден да биде фер, коректна и пред се позитивна. Факт е дека поддршката која ни ја дадовте за проектите кои ги понудивме е на едно високо ниво што нам како политичка опоција на 24 март ни гарантира ништо друго освен победа. Победа за приклучување на Куманово на еден просперитетен пат по кој како доказ за она што го ветуваме ќе бидат реализирани дела. Дела кои нудат трајно добро за нас граѓаните - изјави Ѓорѓиевски.

    Од ВМРО - ДПМНЕ порачаа граѓаните да гласаат за кандидатот под реден број 19 и советничка листа под број 4.

    Долго време слушавме од актуелната власт дека Куманово е заборавено од централната власт, дека таа не и е наклонета на сегашната политичка гарнитура која управува со градот и дека многу малку финансира локални проекти. Не е точно. Владата на Република Македонија секогаш застануваше зад добрите проекти на локалните самоуправи, без оглед која политичка опција е на власт. Таков ќе биде односот и во иднина. Зад добрите проекти кои ги презентирав заедно со советниците од Коалицијата За подобра Македонија ќе застане Владата на Република Македонија - рече Мирослав Стојановски, претседател на ОК на ВМРО - ДПМНЕ Куманово.