Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кандидатот за градоначалник од ВМРО - ДПМНЕ, Зоран Ѓорѓиевски денеска за последен пат пред преизборниот молк им се обрати на гласачите, објаснувајќи зошто треба да гласаат за него.
Апел до сите вас бидејќи не е се завршено, потребно е и во вториот круг на 7 април, што помасовно да ја искажете вашата доверба. Добрата вест на Благовец да ја пратите дека за Куманово доаѓаат добри денови, поубави денови, за сите жители од најстарите до најмладите, од најсиромашните до најбогатите, до сите делови на кумановската општина. На 7 април да почне она што сите со нетрпение го чекаме 22 години во кои Куманово остана последна турска касаба заборавена од луѓето и од времето - изјави Ѓорѓиевски.
За Куманово тој ветува европски живот и работни места за граѓаните.
Од ОК на ВМРО - ДПМНЕ на прес - конференција повикаа наместо за манипулации, граѓаните да гласаат за опција која нуди прогрес.
Куманово заслужува многу повеќе, затоа ВМРО - ДПМНЕ и Коалицијата За подобра Македонија се обврзаа на дадениот збор и застанавме пред вас граѓаните, ги разбравме вашите потреби и само заедно со вас, Куманово може да биде пример за успешна и економски развиена општина, во која секој граѓанин ќе ја најде својата иднина и својата сигурност - рече Мирослав Стојановски, претседател на ОК на ВМРО - ДПМНЕ.
Тие најавија преродба на Куманово и иднина за генерациите кои доаѓаат.