До 29 септември сите службени возила ќе имаат црвени таблици
До 29 септември, односно до почеток на кампањата за локалните избори сите службени возила и возила во сопственост на државата треба да бидат брендирани, односно да ги заменат регистарските таблички во црвена боја.

Директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски, вели дека станува збор за околу 7 до 7,5 илјади возила, нагласувајќи дека МВР заклучно со 31 декември годинава презело обврска да направи регистар на службени возила.
„Им дадовме насока и препорака на сите институции во државата да отпочнат со промена на тие таблици. Ова нека биде втор повик. Имаат рок до 15 септември. Доколку и тоа не го направат, ќе повикаме по трет пат да се брендираат, со цел до 29 септември, односно до почеток на кампањата за локални избори сите службени возила и возила во сопственост на државата да бидат брендирани“, нагласи Томовски.
Правилникот предвидува да се брендираат сите возила кои што се во сопственост на државата, како што се владините возила, општинските возила, возилата на јавните претрпијатија и се она што значи доминантна сопственсот на државата.