×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • До утре 20 литри дожд на метар квадратен

    21.11.2015 11:54 | KumanovoNews

    Денеска  попладне во западните делови ќе  има  повремени  врнежи  од  дожд,  кои  во  текот  на  ноќта  кон  недела  ќе  се  прошират  низ целата земја.

    До утре 20 литри дожд на метар квадратен

    Во недела претпладне во западните и крајните источни делови се очекуваат пообилни врнежи од дожд, на места и од пороен карактер односно над 20л/м2.

    “Попладнето ќе се спушта постудена воздушна маса од север, што ќе создаде услови на повисоките планини во северозападните делови од земјава да има и повремени врнежи од снег.  Денеска и во недела претпладне ќе дува умерен, на повеќе места засилен јужен и југозападен ветер, кој на моменти ќе достигнува брзина од 50 до 70 км/час. Поради јужното струење дневните температури  сеуште ќе бидат релативно високи за овој период и во недела ќе се движат од 11 до 18 степени“ - велат од УХМР.

    Во  понеделник  и  вторник  ќе  преовладува  променливо  облачно  и  посвежо  време  со  повремени локални  врнежи  од  дожд,  на  повисоките  планини  со  повремен  снег.  Дневните  температури  ќе  се движат од 8 до 15 степени.