×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Добар сон, здрава храна и медитација го намалува стресот

    27.11.2013 09:45 | KumanovoNews

    Со правилно користење на ресурсите на енергија како што се здрава храна, добар сон, правилно дишење и медитација стресот ќе се намали.- порача психологот Теодора Костовска, на синоќешното предавање како луѓето да се справат со стресот.

    Добар сон, здрава храна и медитација го намалува стресот

    30 отсто од светската популација страда од депресија. Тоа значи дека тие луѓе не се ефективни, посебно млади луѓе. Луѓето прашуваат како да го контролираат стресот. Кога некоја емоција во нас ќе зоврие, таа го вклучува копчето, работи ендокриниот систем, работат хормоните без разлика дали ние сме свесни или не. И најсуптилната емоција влијае на нашето дишење - објасни Костовска.

    Таа им порача на на присутните да си помогнат во надминување на стресот и со медитација и практикување јога.

    Медитацијата не значи напор. Треба да сме свесни, да знаеме што ни се случува сега и овде. Да сме будни, но со затворени очи бидејќи нашите 5 сетила се врата за информации од надвор - вели Костовска.

    Психологот објасни дека стресот се јавува секогаш кога имаме предизвик за кој немаме доволно енергија да го реализираме.