Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Поради ниските температури и дождовите оваа пролет, за половина месец доцни расадувањето и засадувањето на повеќето земјоделски култури.
Земјоделците веќе почнуваат со садење на пипер и домати во пластеници, а во полн ек е и садењето на сончоглед.
Садењето на одредени култури доцни 10 до 15 дена, но сега температурите се повисоки и долждливиот период и студеното време од преходно, нема негативно да се одразат на производството. Сега се засадува сончоглед, ќе почне и пченката, а за седум дена ќе се сади грав, бостан, тиква - рече Милан Ванчевски, агроном.
Со истиот проблем се соочуваат и земјоделците од другите краеви на Македонија, не само од кумановско.