×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Доделени Ноемвриските награди во Старо Нагоричане

    14.11.2014 15:29 | KumanovoNews

    По повод, Денот на општина Старо Нагоричане, се одржа свеченост на која беа доделени Ноемвриски награди на поединци, фирми и здруженија кои се истакнале со своите достигнувања.

    Доделени Ноемвриските награди во Старо Нагоричане

    Плакети добија: Ненад Стојковски од селото Младо Нагоричане за најдобар земјоделец, Драге Костадиновски од с.Сув Орах за најдобар сточар, “Гоце ДООЕЛ“ од С.Младо Нагоричане е најуспешна фирма, ДПД“Козјак“ од с.Старо Нагоричане е избрано за најуспешно здружение. Иван  Марковиќ од Старо Нагоричане е најдобар спортист, а  Светлана Стојчевска е најдобар просветен работник.

    Благодарници добија: Горан Доневски за најуспешен работник во општината, Дане Тодоровски од с.Бајловце за најуреден двор, Милан Велиновски од с.Руѓинце е најдобар основец, а Катерина Антиќ од с.Драгоманце е најдобар студент. Најдобра е месната заедница во Пелинце, а Ивица Димитриевски од погранична полиција Пелинце е најдобар полицаец. Боге Јовановски од Сув Орах е најдобар ловец и Никола Николов е најдобар надворешен соработник од Противпожарен сојуз на Македонија.

    По повод овој значаен датум, општината додели еднократна парична помош за социјално загрозените граѓани.

    На прославата присуствуваа повеќе гости од регионот, како и градоначалници од земјава и од соседна Србија.