Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во просториите на Занаетчискиот дом во Куманово утре во 19 часот ќе биде прикажан долгометражниот музички документарен филм „The Hip – Brainstorm“ во режија на Јане Алтипармаков.
„Филмот „The Hip – Brainstorm“ е продолжение, своевидно документарно надополнување на долгометражното дивиди - видео издание „The Hip – Reality Overdrive“.
Автор на оригиналната идеја е Љубиша Петрушевски, продукција и монтажа – Михаил Димитров, звучен дизајн: Валентин Видовиќ, директорка на фотографија -Наташа Гелева, а снимателка е Ања Илиева.
Филмот говори за музичкиот феномен наречен „The Hip”, приказна за кумановската музичка сцена во деведесетите години на минатиот век, која популарно се нарекува андерграунд – културна сцена.
Филмот е граден како колаж од разговори со членовите на бендот, музички новинари и критичари од една, и архивски материјали, приватни и од МРТВ, од друга страна.
Во филмот се појавуваат: Васко Атанасовски (Бернајс Пропаганда, Балкан Велики), Toшо Филиповски (автор на првата сеопфатна македонска рок енциклопедија), Саша Павловиќ (Suns), Ивица Димитриевиќ (SIZ), Мирко Попов (PMG Kolektiv), Костадин Шурбановски (Канал 103), Сеад Хаџиќ – Сецко (Last Expedition, Mooger Fooger), членовите на Музичката младина – Куманово и на
бендовите The Hip, Morbid Joker, Т.Б. Трачери. Во филмов ексклузивно се измонтирани архивски снимки од настапите на Електрични Оргазам, Екатарина Велика, легендарните Nirvana, Psychic TV, Buzzcocks, Sonic Youth, Young Gods.