Мени

Документите ќе се издаваат електронски, за да не се оди во институциите

13.03.2020 14:36 | KumanovoNews

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, денеска апелираше до граѓаните за услуги и консултации во институциите да се обраќаат по електронски пат, со цел да се намали посетата на институциите.

Документите ќе се издаваат електронски, за да не се оди во институциите

Министерот информираше дека и најнеопходните документи, вклучувајќи изводи од матична книга на родени, венчани и умрени ќе можат да се добиваат електронски.

- Досега електронски може да се поднесува само барање, а сега ќе се добивата и документи, - изјави министерот.