×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање
  • Политички маркетинг

  • ДОМ Куманово со поддршка за независниот кандидат Горан Стојковски – Диро

    26.10.2025 16:02 | KumanovoNews

    Зелената партија ДОМ во Куманово ја дава поддршката на независниот кандидат за градоначалник, Горан Стојковски – Диро, во вториот круг на локалните избори на 2 ноември. 

    ДОМ Куманово со поддршка за независниот кандидат Горан Стојковски – Диро

    Претседателот на општинската организација на ДОМ Сретен Стојковски, вели дека поддршката е договорена врз основа на конкретни мерки во интерес на здравјето, животната средина и транспарентното управување со  Куманово, како и од "зелената" програма што ја застапуваат.

     „Итна санација и отстранување на опасниот отпад во Табановце, реформа на инспекцискиот систем со формирање општински сектор за животна средина и комуналии, доследна примена на Законот за зеленило со минимум 20% зеленило на градежни парцели,  доизградба на атмосферска канализација, заштита и обезбедување на бунарите Бедиње и Проевце, воспоставување зелени пунктови за градежен шут и целосна програма за прочистување и заштита на реката Кумановка, како и најважниот сегмент, формирање на „Совет за зелени политики“ со учество на соодветни експерти за заштита на животната околина“, рече Стојковски.

     Тој додаде дека овие мерки не се празни зборови, туку интервенции кои ќе ги спасат здравјето и егзистенцијата на многу семејства во Куманово.

     „Ние веруваме дека локалната власт мора да функционира транспарентно и одговорно, мора да имаме, редовен јавен отчет, вклучување на експерти и граѓаните преку Советот за зелени политики и јасни индикатори за реализација“, додаде Стојковски.

     Тој ги повика сите граѓани на Куманово да ја прифатат шансата за промена која не се мери во визуелен оптимизам или партиски притисоци, туку во реализирани проекти што ги штитат луѓето и природата.

    „На 2 ноември гласајте одговорно, за бројот 41,  за човек што се обврзува на зелени и чесни политики. За Куманово што го сакаме и што го заслужуваме“, повика претседателот м-р Сретен Стојковски.