Домот за стари „Зафир Сајто“ започна соработка со болницата
14.12.2015 11:53
| KumanovoNews
Домот за стари лица „Зафир Сајто“ започна соработка со Општа болница Куманово, за што неодамна беше потпишан договор за соработка.

Предвидено е еднаш неделно психијатар и интернист од болницата да ги посетуваат луѓето сместени во „Зафир Сајто“.
Целта е да се зајакне здравствената услуга бидејќи има болни луѓе во домот. Психијатар и интернист еднаш неделно ќе доаѓаат кај нас и ќе ги прегледаат луѓето кои имаат здравствени проблеми“-рече Џемаљедин Неџипи, директор на “Зафир Сајто“.
Во Домот за стари лица “Зафир Сајто“ се згрижени 150 стари луѓе од повеќе градови од Македонија.