×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Донесена првата неправосилна пресуда за мобинг во Кумановскиот суд

    20.11.2023 08:15 | Оливера Пешевска

    Основниот суд во Куманово минатата недела донесе првостепена пресуда за мобинг против раководител на јавна установа во Куманово. 

    Донесена првата неправосилна пресуда за мобинг во Кумановскиот суд

    Од судот ни потврдија дека се работи за прва ваква пресуда.  Предходно имале две тужби за дискриминација и за вознемирување на работно место, кои биле отфрлени. 

    Виктор Божиновски, адвокат,  вели дека тужбата е поднесена од вработената која подолг период трпела вознемирување на работното место од директорката и две колешки.   

     „Со првостепена, неправосилна пресуда на Основен суд Куманово е утврдено дека директорката на Библиотеката „Тане Георгиевски“ во Куманово, извршила вознемирување на работно место врз тужителката, односно дека тужителката претрпела вознемирување на работно место од директорката. Со истата пресуда се забранува тужената да врши вознемирување и повторување на делото на работното место“, изјави Божиновски, кој смета дека иако пресудата не е правосилна ќе мотивира и другите вработени кои трпат мобинг да побараат правда пред судот. 

    Тој најави дека ќе достави жалба до Апелационен суд, пред се поради другите две вработени, но и во однос на висината за надомест на нематеријална штета. 

    Судот одредил директорката да плати казнa од 60.000 денари, a  тужбите за другите две вработени се отфрлени и треба да им се исплати надомест на штета.

    Адвокатот  на тужените Владимир Трајковски, пак,  вели дека барањето на тужителката е усвоено делумно, односно се дава мислење дека имало вознемирување на работното место, но тоа не е конечно, бидејќи ќе поднесат жалба до повисоките судски инстанци.

    „Наложено е да ѝ се исплати сума во висина од 10 отсто од она што го бараше во тужбеното барање. Но, за второ и третобвинетата наводите се отфрлаат, и тука се задолжува тужителката да исплати над 90 илјади денари на двете колешки. Ќе вложиме жалба на ова пресуда до Апелациониот суд во Скопје, а досегашната пракса покажува дека пресудите во слични случаи биле отфрлани“, изјави адвокатот Трајковски.

     Според образложението во пресудата, Е. Ј. вработена како соработник за литературна дејност, во мај годинава поднела тужба против директорката и двете колешки, затоа што во повеќе наврати била психички вознемирувана на работното место, добивала работни задачи кои не и биле ви опис на работното место, била навредувана и омаловажувана од колешките.