Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ноќеска во Куманово и околината наврнале 9,7 литри дожд на метар квадратен.
Дождот кој деновиве паѓа во кумановско, повеќе од потребен е за житариците и ќе придонесе за богата реколта.
Секако дека овие дождови се добредојдени за есенски житни култури, кои се во фаза на класење. Ќе придонесе за подобар род, за исполнување на зрното и со самото тоа за подобри приноси. И за пролетните, раноградинарски култури дождот многу значи, но и за подготовка на почвата за оние култури што допрва ќе се засадуваат, ќе има доволно влага - вели Томе Цветковиќ, виш соработник за полјоделство во Агенција за поттикнување на развој на земјоделството.
Дождот ќе придонесе за побогат род на пченката, сончогледот, компирот и други култури.
Ноќеска во Куманово и околината наврнале 9,7 литри дожд на метар квадратен, а пред неколку денови паднаа над 15 литри дожд на квадрат.