05. 04. 2020 21:02

Дождот ја урна трошната куќа на Илинденска

Дождот ја урна трошната куќа на Илинденска

Се урна старата куќа на улицата Илинденска, спроти зградата на „Комитет“ .

 Куќата ги оштети двата соседни деловни објекти.

Еден дел од кровот паднаа уште во декември минатат година, ѕидовите и фасадата беа испукани,  па само прашање на време беше кога целосно ќе се распадне.

 Поради нарушена безбедност, МВР и градежната инспекција тогаш поставија метални препреки  и го забранија движењето на тротоарот.

 - Започната е постапка за отстранување на склонопадниот објект на ул. Илинденска.  Во најскоро време, кога ќе заврши постапката ќе  пристапиме кон отстранување на објектот, - информираа тогаш од градежната инспекција во Општина Куманово.

 Оваа куќа беше само една од многуте стари куќи од старото градско јадро, која остана незаштитена и претставуваше опасност за граѓаните. Објектот е сопственост на Јавното преттпријатие за стопанисување на стамбен и деловен простор на Македонија.

На местото „Чоробенско ќоше“ со урбанистичкиот план е предвидена изградба на административна зграда на Општина Куманово.

Дождот ја урна трошната куќа на Илинденска

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk