×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дозволен е ловот на сите животни, освен на заштитените

    15.10.2013 08:35 | KumanovoNews

     Почнувајќи од 1 октомври започна ловот на сите животни со исклучок на трајно заштитените како срна, рис, чакал, сите видови орли, лебеди и мечка.

    Дозволен е ловот на сите животни, освен на заштитените

    Ловците задолжително од концесионерите треба да извадат дневна дозвола за лов.

    Во дозволата пишува кој ден и во кое време ловецот ќе лови, кој вид на дивеч, на кое место и колку е дозволениот отстрел на грла. За пренос на отстреланите грла до местото на живеење се вади пропратен документ. Се е регулирано со закон и не може да лови кој како ќе му текне - изјави Војо Гоговски, државен советник за шумарство и ловство во Министерството за земјоделство.

    Гоговски објаснува дека ловот е дозволен до 31 декември, а дивата свиња може да се лови се до 31 јануари. По овој рок стапува на сила забраната за лов.