Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
При тоа нагласиа дека нивна главна цел е да се зачува српскиот јазик и култура на овие простори.
Младинската организација на Демократската партија на Србите во Македонија, денеска го честиташе празникот Видовден на сите Срби кои живеат во Куманово. При тоа нагласиа дека нивна главна цел е да се зачува од асимилација српскиот јазик и култура на овие простори.
Косовската битка од 1389 година е една од најголемите битки во историјата на српскиот народ. Во оваа битка надалеку е прочуена храброста и херојството на српската војска и Кралот Лазар, кој успеа иако со помалубројна и помалку вооружена војска да му се спротивстави на турскиот султан Мурат. Оваа битка беше многу тешка и погубна за српската војска и Кралот Лазар, но со оваа битка се спречи ширењето на отоманската империја на север - изјави Далибор Китановиќ, претседател на ОДПСМ.
Годинава по десетти пат се оддржува Видовденски турнир. Организатори се младинската организација на ДПСМ и Српска заедница во Македонија регионална организација Куманово. Досега се одиграа 30 натпревари, а останаа да се реализираат уште двата најзначајни меча. За најдобрите три екипи ќе има медали, пехари, ќе се избере најдобар играч, стрелец и голман.
Им го честитаме празникот на сите граѓани од српска националност. Сакаме да ги известиме граѓаните дека турнирот по повод Видовден утре на спортскиот терен кај Соколана има големо финале. Првиот натпревар е со почеток во 20 часот меѓу Финисимо и Геро. Тие се борат за трето место. За прво место се натпреваруваат екипите Глечер и ЧСК во 21 часот. Сите љубители на фудбалот можат да дојдат, бидејќи Видовденскиот турнир е еден од поквалитетните во Македонија - рече Горан Зафировиќ, претседател на Српска заедница во Македонија регионална организација Куманово.
Во состав на овие активности ќе има и журка во Кастело, поранешна Цитадела и тоа во сабота во 20 часот. На забавата ќе присуствуваат 130 членови, гости, партиското раководство. Самата забава ќе помине во спрски дух и празнична атмосфера.