ДРОМ се вклучува во проект за спречување на дискриминација
ДРОМ заедно со Асоцијацијата за демократска иницијатива (АДИ) Гостивар и Асоцијација иницијатива за социјална промена (ИнСоК) Скопје, го спроведуваат проектот „Граѓанското општество во акција за еднаквост“.

Целта на проектот е да се поддржи активното вклучување на граѓанските организации во спроведување на политики и практики за спречување на дискриминацијата на локално ниво.
Специфичните цели на проектот се да се зајакне капацитетот на организациите на граѓанското општество, за поттикнување и следење на стандардите за заштита од дискриминација и еднаквост. Зајакнување на меѓуинституционалната соработка за превенција и борба против дискриминацијата на локално ниво. Да се подигне свеста за законодавството за анти-дискриминација и да се промовира концептот на еднаквост - вели ДРОМ.
Проектот ќе трае 18 месеци и се спроведува во рамки на ИПА Национална програма за транзициска помош и градење на институциите 2011, Грантова шема “Понатамошен развој и финансиска одржливост на граѓанското општество“. Проектот е финансиран од Делегацијата на ЕУ, спроведуван од Секторот за централно финансирање и склучување договори, при Министерството за Финансии и Генералниот секретаријат на Владата на Р.М.