×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДРОМ со едукација за спречување на трговија со луѓе

    30.10.2015 14:19 | KumanovoNews

    Невладината организација ДРОМ започна со спроведување на проектот “Превенција од современите форми на трговија со луѓе“ финансиран од програмата на Цивика мобилитас, кој се реализира во партнерство со Асоцијација за демократска иницијатива Гостивар.

    ДРОМ со едукација за спречување на трговија со луѓе

    Првата фокус група со претставници на институции, невладини организации и локална самоуправа анализираше прашалник во работна верзија и даде насока за конечна верзија која ќе се користи во средните училишта. Целта на проектот е да се подигне свеста на младите за оваа појава.

    Проектот се состои од две фази, првата фаза е истражување , а втората фаза е едукација. Ќе бидат подготвени прашалници, кои што ќе бидат користени за истражување во сите средни училишта во Куманово и во Гостивар. По ова истражување ќе се направи детална анализа за средношколците и ќе се види нивното влијание од страна на социјалните мрежи. Овој извештај ќе биде презентиран пред сите институции и пред пошироката јавност, а потоа ќе има 80 едукативни работилници во средните училишта. Ќе бидат опфатени сите средни училишта во Куманово и тоа од 1 до 4 година - вели Донка Петровска, координатор на проектот.

    Во мај и јуни ќе има средби со матурантите кои ќе се запознаат со активните мерки за вработување, а по завршување на проектот сработеното ќе биде презентирано на конференција во Скопје.