×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДРОМ во борба против дискриминација на локално ниво

    11.02.2016 12:43 | KumanovoNews

    ДРОМ почна да го спроведува проектот „Граѓанското општество во акција за еднаквост“, со што ќе се бори против секаков вид на дискриминација на локално ниво.

    ДРОМ во борба против дискриминација на локално ниво

    Проектот ќе трае година и пол и се реализира со партнерите Асоцијацијата за демократска иницијатива (АДИ) Гостивар  и Асоцијација иницијатива за социјална промена (ИнСоК) Скопје. Ќе се одржат обуки за препознавање на дискриминација и ќе се направи вмрежување на организации.

    Ќе биде креиран портал каде што ќе стои Законот за спречување од дискриминација и каде што ќе има случаи кои што се поврзани со дискриминација. Кога зборуваме за дискриминација, тука не опфаќаме само родова дискриминација, туку и партиска дискриминација, дискриминација кон стари лица, кон Роми, ЛГБТ заедницата - рече Донка Петровска, асистент на проектот.

    Проектот ќе се спроведе во 8 општини во Македонија, за да се постигне еднаквост на локално ниво.

    Станува збор на прилично голем број на општини, со цел да постигнеме што е можно поголемо влијание во промовирањето и разбирањето на моменталното законодавство во однос на заштита од дискриминација и еднаквост, и зајакнување на капацитетите на сите клучни актери, чинители на локално ниво во справувањето со оваа појава. Тука се вклучени граѓанските организации исто така фокусот на овој проект се локалните институции - вели Катица Михајловиќ од АДИ Гостивар.

    Проектот е финансиран од Делегацијата на ЕУ, спроведуван од Секторот за централно финансирање и склучување договори, при Министерството за Финансии и Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија.