Државата дава земјоделско земјиште под закуп
26.11.2013 10:16
| KumanovoNews
До 12 декември земјоделците ќе можат да конкурираат за добивање на државно земјоделско земјиште под закуп.

Минималната годишна сума за хектар во кумановско изнесува 4.370 денари. За подигање на лозја и овоштарници земјиштето ќе им биде доделено на користење за период од 30 години.
Земјоделците кои на државно земјиште веќе имаат тригодишен насад со лозје или овошки можат понуда да достават до ресорното министерство до 12 декември. За нив важно е земјиштето да е во државна сопственост и да не е предмет на денационализација за да го земат под закуп.