×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Духот на некогашните работни акции се уште живее, велат Кумановските акцијаши по враќањето од Нови Пазар

    24.07.2019 08:31 | KumanovoNews

    На доброволната работна акција во Нови Пазар минатата недела се собраа 130 акцијаши од балканските земји.

    Духот на некогашните работни акции се уште живее, велат Кумановските акцијаши по враќањето од Нови Пазар

    Како во времето кога се градела Југославија, млади, но и ветерани од повеќе градови од Србија, Босна и Херцеговина, Словенија и Македонија една недела беа дел од младинската работна акција „Рибариќи 2019“, со цел да го реафирмираат она што беше обележје на некогашната држава. Боите на македонското бригадирство ги бранеа акцијаши од Куманово, Охрид, Штип, Велес, Скопје и Битола.

    „Од Куманово бевме девет акцијаши од сите возрасти. Нашата бригада беше интернационална, нѐ викаа ‘булдужери‘ затоа што први офанзивно ги извршувавме сите обврски. Насекаде предизвикувавме внимание и почит. Луѓето застануваа со автомобили да нѐ поздрават, да се сликаат со нас. Поради акцијашките обележја и југословенските знамиња што ги носевме, бевме вистинска атракција меѓу жителите. Незаборавно доживување и искуство. Сѐ уште живее духот на некогашните работни акции, сите бевме како едно, никој не прашуваше од која националност и вера си“, раскажува Синиша Јовановски од Куманово.

    Акцијашите расчистувале смет и уредувале спортски терени, зеленило околу културно-историски споменици и излетнички места, а слободното време го поминувале во дружење и забава. Поддршка добиле и од надлежните локални и државни институции, поради што оваа акција и била толку успешна и масовна.

    Здружението за доброволна волонтерска работа „Кумановски акцијаши“ организира еколошки акции во градот, а редовно учествува и на сите акции во земјават и во соседните држави. Пред две години имаше идеја за организирање на голема регионална еколошка акција во Куманово, на која ќе учествуваат акцијаши од сите држави од поранешна Југославија.

    Акцијата требаше да се одржи минатото лето и да се уредува и чисти локалитетот Спомен Костурница, а истовремено да се промовираат меѓуетничка толеранција и соживот помеѓу балканските народи. Локалните и државните власти заборавија на ветувањето дека ќе помогнат и планот пропадна. Здружението само не успеја да обезбеди толкави средства.

    Здружението „Кумановски акцијаши“ брои околу 200 членови и добитник е на највисокото општинско признание „11 Ноември“, што го доделува Општина Куманово за промовирање на волонтерската работа.