Два автомобили изгореа на паркингот зад „Тинекс“
17.09.2018 13:32
| KumanovoNews
Две патнички возила гореа вчера на паркингот зад осумкатницата во центарот на Куманово.
Опожарени се Пежо 308 со скопски регистерски таблички, сопственост на Охридска банка и Пежо 106 со кумановски таблички, сопственост на семејство кое живее во зградата.
Пожарот во 16.30 часот прво се појавил на еден од автомобилите, а потоа зафатил и друг паркиран автомобил.
Од Противпожарната единица Куманово, информираат дека пожарот кај нив е пријавен во 16.30 часот. За три минути излегле на терен и започнале со гаснење. Пожарот целосно е изгаснат во 17.30 часот.
Во пожарот целосно изгорело службеното возило, а другото половично.
Причинета е голема матерјална штета.
Причините за пожарот допрва ќе се утврдуваат.

