Два камионети за собирање на смет доби „Чистота“
ЈП „Чистота и зеленило“ Куманово доби двe камиончиња за изнесување на смет од тесните улички во Куманово.
Средствата се обезбедени преку Бирото за рамномерен регионален развој и Министерството за локална самоуправа, а проeктот се имплементира преку Центарот за развој на Североисточниот плански регион.
„Многу ни значат возилата затоа што тоа ќе ја олесни работата на вработените за секојдневните активности, а со тоа ќе се подобри услугата кон граѓаните. Досега немавме вакви возила а многу ни се неопходни, особено за тесните улички“, изјави директорот Ненад Стојановски, на примопредавање на возилата.

Претседателка на Советот, Ивана Ѓорѓиевска, информираше дека вредноста на возилата е над 1,6 милиони денари.
„Овие возила се многу важни за јавното претпријатие, а особено за хигиената во градот. Свесни сме дека во населените места, особено во населбите има многу тесни улички во кои камионите не можат да пристапат, па граѓаните реагираат“, изјави Ѓорѓиевска.
Проектот се однесува за заштита на животната средина во Бислимска клисура и течението на река Пчиња, а во рамките на истиот ќе биде набавено уште едно специјализирано возило за потребите на претпријатието, а општините Ранковце и Старо Нагоричане ќе добијат нови садови за смет.

