×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Два пожари викендов во Кумановско, надлежните апелираат за внимателност при престој на отворено

    15.07.2024 20:17 | Оливера Пешевска

    Кумановските пожарникари во текот на викендот интервенирале на две пожари, едниот на улицата ЈНА, во близина на Дом на АРМ и вториот на потегот помеѓу селата Слупчане и Оризаре, општина Липково каде горела ниска вегетација.

    Два пожари викендов во Кумановско, надлежните апелираат за внимателност при престој на отворено

    Имало пожар на отворено и во селото Ваксинце, но до пристигнување на противпожарната екипа со инетервенција на мештаните пожарот бил изгаснат.

    Од Територијалната против пожарна единица (ТППЕ) Куманово упати апел да не се пали оган на отворне простор.

    „Упативме јавен апел до граѓаните да бидат особено внимателни при престој во природа и отворен простор затоа што повеќе од 90 проценти од пожарите се предизвикани од човечки фактор. Да не се фрлаат отпушоците од цигари, да се воздржат од палење оган на отворено, било да се работи за печење скара или палење на стрништа по жетвата, која сега е во ек. Високите температури и сувата земја се предуслови и најмала искра да направи голем проблем за граѓаните, кога може да биде загрозена нивната сигурност и безбедност, но и личниот имот“, објасни заменик командирот Борис Станковски.

    Денеска и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на барање на ЈП „Национални шуми“ воведе целосна забрана за движење во шуми кои се во надлежност на ова јавно претпријатие и ќе трае од 6 до 20 часот. Непочитувањето на оваа одлука ќе се санкционира со глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

    Во државата активно е портокалово ниво на опасност од високи температури и ризик од пожари. Владата донесе одлука за кризна состојба  во траење од 30 дена, на национално ниво, но се уште нема забрана за движење во шуми. Кризната состојба практично значи дека и полициските сили можат да бидат ангажирани при поголеми пожари, здравствените работници се во приправност да реагираат, а се очекува одлука на претседателката Гордана Сиљановска- Давкова за учество на армијата во кризни ситуации.

    Според законската регулатива граѓаните можат кривично да одговараат за предизвикување на пожар.

    „Предизвикување на пожар претставува кривично дело кое се санкционира со соодветни поднесоци и за кое е предвидена затворска казна до 8 години согласно член 227 од Кривичниот законик, зависно од видот на пожарот, причините за неговото настанување и другите околности и последици“, потсетуваат надлежните.