Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Република Македонија денеска одбележува 24 години независност.
Повеќе од 95 отсто од граѓаните на референдумот на 8 септември 1991 година, позитивно одговорија на референдумско прашање „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“. На референдумот му претходеше Декларација за независност што првиот повеќепартиски македонски Парламент ја усвои на 25 јануари 1991 година. Формално волјата на народот за самостојна држава беше потврдена со Декларација за прифаќање на референдумските резултати на 18 септември 1991 во Собранието на Република Македонија. Потоа следеше усвојувањето на новиот Устав на 17 ноември 1991 година. Референдумот го бојкотираше дел од албанската етничка заедница и пратениците Албанци не го поддржаа новиот Устав. Десет години подоцна Уставот беше надополнет по конфликтот во 2001 и потпишувањето на Рамковниот договор. Македонија први ја признаа Бугарија, Турција, Словенија, Хрватска, Русија, БИХ и други земји.