Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ лани се прикажани 21 филм, кои ги виделе 1857 посетители, откако оваа установа доби прожектор за филм од Министерството за култура.
Раководството за во 2014 година планира поамбициона програма со прикажување на повеќе филмови.
Опремата ја користиме година дена, задоволни сме од кино проекциите. Планираме уште позасилено да работиме на тој план. Има интерес кај публиката, меѓутоа секоја година може подобро и подобро да биде и повеќе да се работи- вели Роберт Павлевски, директор на Центар за култура “Трајко Прокопиев“.
Лани кумановци ги погледнале филмовите : „3 - то полувреме“, во циклус руски филмови “Ѕвезда“, “Ослободувањето, последен јуриш“, “Летаат жеравите“, “Поп“, “Една војна“, “Ние сме иднината“, а во рамки на денови на македонски документарен филм беа емитувани “Трагачи по возбуди“, “Плати и жени“, “Волшебниот рид“, “Шарски знаци“, “Чедо“, “Далеку од дома“ и “Луѓе без земја“. Емитувани се филмовите “Соба со пиано“ и по повод “Денови на руската култура во РМ“ беа претставени “Ние од џезот“, “Отрови“, Бел тигар“, “Палата“, “Љубов со СССР„ и “Град Езеро“.