×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дваесетина пензионери на викенд и осумдесетина на бања

    13.08.2015 15:20 | KumanovoNews

     Дваесетина кумановски пензионери во септември и октомври годинава ќе одат на бесплатен викенд, а осумдесетина истиот период на бања.

    Дваесетина пензионери на викенд и осумдесетина на бања

    Списокот со имињата на пензионерите на кои им e одобрен туристички викенд или бањска рехабилитација е објавен на веб сајтот на Министерството за труд и социјална политика. На кумановските пензионери им е одобрен туристички викенд во Стар Дојран и бањско лекување во Катлановска бања, на трошок на државата.

    Државата на корисниците на пензија им покрива шест полни пансиони, здравствени прегледи, превоз од местото на живеење до бањата и назад. Туристичкиот викенд опфаќа два полни пансиони во туристичките центри во државата.