Двајца кумановци заболени од свински грип
21.01.2013 14:08
| KumanovoNews
Викендов се регистрирани нови случаи на заболени од свински грип, од кои двајца заразени се од Куманово.

Едниот се лекувал амбулантски, а вториот е задржан на болничко лекување. Пациентите се во добра здравствена состојба. Во Институтот за јавно здравје се анализирани 38 примероци при што за 13 лица е потврдено дека се заболени од свински грип. На Инфективна клиника во Скопје има 11 хоспитализирани пациенти со грип, од кои двајца се на одделението за интензивно лекување, при што еден е во посериозна здравствена состојба . Останатите хоспитализирани се од сите возрасни групи, најголем дел од нив се со претходни хронични заболувања.