×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Двајца кумановски лекари меѓу 100 - те најдобри

    25.04.2013 08:40 | KumanovoNews

     Лекарите Вањо Тасевски невролог и Али Далипи офталмолог, вработени во Општа болница Куманово се меѓу 100 - те највредни лекари за месец февруари, кои ги прогласи Министерството за здравство.

    Двајца кумановски лекари меѓу 100 - те најдобри

    Примариус Али Далипи, очен лекар вели дека најдобрите лекари се бираат според бројот на реализирани прегледи, но според него многу важен е квалитетот на работа, совесноста на лекарите, односот кон пациентите.

    Јас сум убеден дека ние во Македонија не сме единствени од таа група кои сме најдобри. Во некоја рака ако може така да се каже ние сме први меѓу еднаквите. Со некои мали исклучоци јас мислам дека сите доктори во Македонија се вредни и заслужуваат да бидат наградени. Да се мери, да се прави една проценка за најдобрите доктори, тоа е чувствителна материја бидејќи се работи за живи луѓе. Мојот сега веќе покоен професор Тофовиќ имаше една девиза и кажуваше дека сите доктори се добри, сите знаат, но ги делеше докторите по совесноста на работење - смета Далипи.

    Лекарот во болницата Куманово работи 28 години и вели дека лекарот кој има доверба кај пациентите, може да биде прогласен за најдобар,токму поради тој однос.

    Неврологот Вањо Тасевски вели дека пријатно е изненаден од наградата и тоа ќе го мотивира во работата.

    Пријатно сум изненаден и наградата дојде неочекувано. Сите други колеги го заслужуваат истото, но изборот падна на мене. Ќе ми биде голема мотивација за понатаму. Се надевам дека наредниот месец некој од моите колеги ќе биде награден. Не ми е познато по кои критериуми ги бираат најдобрите лекари, но ете сум избран во најдобрите 100 - објаснува Тасевски.

    Тој зад себе има 15 години работа како невролог, односно од 22 април 1998 година е во кумановската болница.

    Тасевски и Далипи ќе бидат наградени со 500 евра за успешното работење во текот на февруари.