×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Двајца лекари и медицинска сестра се заболени од коронавирус, се чекаат резултатите на 63 ново тестирани

    24.03.2020 16:34 | KumanovoNews

     Тројца здравствени работници се меѓу петмината новозаразени граѓани во Куманово. Направени се тестови на 63 сомнителни случаи и се чекаат резултатите да пристигнат во текот на вечерта.

    Двајца лекари и медицинска сестра се заболени од коронавирус, се чекаат резултатите на 63 ново тестирани

    - Има дијагностицирани пет позитивни пациенти, од коишто тројца се здравствени работници, двајца доктори и една медицинска сестра, - објави министерот за здравство Венко Филипче.

    - Детално е анализирано и семејството, во смисла на контакти и релации во однос на евентуали патувања и контакти што биле во странство, имајќи во предвид дека резултатите се чекаат во текот на денот, а со нив се опфатени вкупно 63 бриса од 63 лица, како на медицинскиот персонал во болницата, така и членовите на семејството. По овие резултати ќе се направи план за работа на целата болница во однос на функционирање на сите одделенијата, - додаде министерот.

    Една од новозаболените  пациентки не е од Куманово, туку од една од соседните општини.

    Во Куманово е направена интензивна комуникација со лицата, коишто освен што се дијагностицирани со корона вирус и со семејството на починатат пациентка, и засега ниту еден од другите членови на семејството нема клиничка симптомологија, истакна Филипче.