×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пензионери измамени за 4.000 евра, дале пари на лажен полицаец за да сокрие наводни сообраќајки

    31.01.2025 12:30 | KumanovoNews

     Во текот на вчерашниот ден двајца пензионери од Куманово останале без 250.000 денари, откако измамник на телефон им се претставил како полициски службеник и побарал пари за да ги спаси нивните деца од одговорност за  сообраќајни несреќи во кои прегазиле дете мигрант. 

    Пензионери измамени за 4.000 евра, дале пари на лажен полицаец за да сокрие наводни сообраќајки

    Измамата не успеала кај трет пензионер, тој се посомневал и пријавил во полиција.

    „ Вчера во 13.00 часот, 74 - годишен маж од Куманово пријавил дека едно лице се обидело да го измами. Се јавило на телефон и претставувајќи се како полициски службеник, му кажало дека наводно неговата ќерка предизвикала сообраќајна незгода во која прегазила дете мигрант и ќе треба да даде одредена сума на пари за да не оди во затвор. Како што е пријавено, тој се посомневал во точноста на информацијата и пријавил во полиција.

    Во 16.00 часот,  66 - годишна жена пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 2500 евра. Лицето ѝ се јавило на телефон и  ја известило дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна незгода во која прегазила дете мигрант и ќе треба да плати одредена сума на пари за да не ја гонат кривично. Како што е пријавено, таа ги однела парите на договореното место, а подоцна се слушнала со нејзината ќерка и сфатила дека е измамена.

    Во 17.00 часот, 83 - годишен маж пријавил дека бил измамен за сума од 100.000 денари. Лицето му кажало дека неговите син и снаа предизвикале сообраќајна незгода во која прегазиле дете мигрант и ќе треба да плати одредена сума на пари за да не ги гонат кривично. Како што е пријавено, тој ги однел парите на договореното место, а подоцна се слушнал со неговиот син и сфатил дека е измамен“, известуваат од полицијата.

    Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

    Во текот на минатата 2024 година во СВР Куманово биле регистрирани две измами со сообраќајни незгоди. Според пријавите, сторителите се јавуваат на телефон, при што со лажно прикажување на факти ги доведуваат во заблуда граѓаните дека член од нивното семејство имал сообраќајна незгода и дека е потребна одредена сума на пари за да се изврши операција или да не бидат кривично гонети.

    Секторот за внатрешни работи Куманово апелира до граѓаните да бидат претпазливи, а особено повозрасните лица кога непознати лица им се јавуваат, да не наседнуваат на измами во кои лажно се нудат услуги и сите сомнителни случаи да ги пријават на бесплатниот телефонски број 192. СВР Куманово презема мерки и активности за пронаоѓање и санкционирање на сторителите на измамите.