Мени

Двајца повредени по пад од мотор на патот Којнаре - Четирце

20.04.2020 09:10 | KumanovoNews

 Две лица се здобиле со тешки повреди откако паднале од мотор на лoкалниот пат Горно Којнаре -Четирце.

Двајца повредени по пад од мотор на патот Којнаре - Четирце

Несреќата се случила вчера во 17,30 часот, кога Б.Ј.(43) од с.Четирце-кумановско, управувајќи мотоцикл „jамаха“ со кумановски регистарски ознаки изгубил контрола над мотоциклот, по што паднал на коловозот.

Б.Ј. се здобил со тешки телесни повреди, а со повреди се здобил и 17 годишен сопатник, по што биле пренесени во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.