Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Најмалку три лица се тешко повредени во тешка собраќајна несреќа што околу 17 часот се случила на раскрсницата на булеварите „Трета МУБ„ и „Октомвриска револуција„.
Според информации на очевидци, до сообраќајката дошло кога БМВ со кумановски регистарски таблички, кое се движело од бензинската пумпа на „Макпетрол„ кон градот, со голема брзина удрило во возило кое чекало да помине на семафорот. Од силниот удар одзади, колата што стоела излетала од коловозот и удрила во две девојки кои се движеле по тротоарот. Девојките на возраст од околу 20 години, се здобиле се тешки повреди на главата и кичмата и во безсознание, со возила на итна помош се пренесени во кумановската болница. Возачот кој чекал да се отвори семафорот на раскрсницата исто така е пренесен во болница со повреда на главата, додека возачот на бемвето останал неповреден.
Полицијата излезе на терен и врши увид на лице место за да се утврдат причините за сообраќајката.
На истото место мината година загина арабаџија, откако БМВ удри во неговата запрега додека чекал на семфорот и повреди четири лица кои се возеле во колата.
(фото архива)