×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Две лица ја напуштиле самоизолацијата, полицијата ќе им поднесе пријава

    18.03.2020 14:25 | KumanovoNews

     Две лица од реонот кој го покрива СВР Куманово, наместо да седат во изолација од коронавирусот, ги напуштиле домовите и полицијата не ги нашла при извршената контрола.

    Две лица ја напуштиле самоизолацијата, полицијата ќе им поднесе пријава

    Како што соопштуваат од Кумановската полиција во текот на вчерашниот ден, при вршење на контролите две лица на кои им е изречена мерка медицински надзор и домашна изолација првично не биле пронајдени дома и против нив ќе биде изготвен соодветен поднесок.  

    - СВР Куманово презема мерки и активности согласно владината одлука и мерките и препораките за превенција, контрола и заштита од вирусот Ковид-19. Притоа, на територијата која ја покрива СВР Куманово, поточно општините: Куманово, Старо Нагоричане, Липково, Крива Паланка, Ранковци и Кратово, редовно се вршат контроли на лица на кои им е изречена мерка медицински надзор и домашна изолација од ДСЗИ, како и на лица со наредба за изолација од Министерство за здравство, - соопштуваат од полицијата.

    Од таму додаваат дека од страна на СВР Куманово ги контролираат и странски патнички моторни возила, како и  угостителските објекти дали ги почитуваат насоките дадени од Владата.