Мени

Две лица загинале во страотна сообраќајка на Страцин

03.09.2013 07:57 | KumanovoNews

 Две лица загинале, а три се тешко повредени во страотна сообраќајна несреќа што утринава во 5 часот се случила на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, пред селото Страцин.

Две лица загинале во страотна сообраќајка на Страцин

Во сообраќајката учествувале голф со косовски регистарски таблички,БМВ со бугарски таблички и тико со кумановски регистрации.

Во кумановската болница две лица биле донесени починати, а уште две пренесени на Скопските клиники од кои едно во животна опасност.

Од СВР Куманово најавуваат повеќе информации во текот на денот.

                                                               (фото архива)