×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Две медали за тенисерите на „Тумба“ на турнир во Скопје

    29.12.2019 21:09 | KumanovoNews

    Двајца тенисери од тенискиот клуб „Тумба“, освоија две медали на Отвореното првенство на Северна Македонија во тенис, којшто викендов се одржа во Скопје.

    Две медали за тенисерите на „Тумба“ на турнир во Скопје

    Јован Додевски, ученик во петто одделение во Основното училиште „Крсте Мисирков“, освои второ место, а Алексеј Стојановски од „Кочо Рацин“, освои трето место во групата Портокалов тенис за момчиња.

    Во силна конкуренција двајцата млади тенисери покажаа извонредни резултати и се закитија со медали и пехари.

      „Во финишот на 2019 година нов успех на нашите млади тенисери и членови на тенискиот клуб „Тумба". На Отвореното тениско првенство на Република Северна Македонија група портокалов тенис за момчиња, која преминува во зелен тенис. Нашиот член Јован Додевски го освои второто место, додека на третата позиција заврши уште еден наш тенисер Алексеј Стојановски“, - соопштуваат од клубот.

    Во тенискиот клуб „Тумба“ членуваат околу 30 деца.  Од клубот велат дека 2019 година ќе се помни по постигнатите успеси на локални и државни натпревари.