×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Две здруженија од Куманово ќе добијат 23 илјади евра од Владата зa справување со коронавирусот

    16.06.2020 11:01 | KumanovoNews

    Две здруженија од Куманово се меѓу 40 добитници на финансиски средства од Владата наменети за поддршка на здруженија и фондации за мерки за справување со КОВИД-19 кризата.

    Две здруженија од Куманово ќе добијат 23 илјади евра од Владата зa справување со коронавирусот

    Помош во вкупна вредност од 1,4 милиони денари добија здруженијата Влазнија и ЦИД од Куманово.

    „Здружението за едукација „ВЛАЗНИЈА“ од Куманово со проектот „Поддршка и асистенција за учениците за онлајн учење“ доби финасиска помош од 810.000 денари. Тие во својата апликација побарале 900.000 денари. Здружението „Центар за интеркултурен дијалог Куманово“ (ЦИД) со проектот „Борба против говорот на омраза и криминалот од омраза“ ќе добие 605.385 денари, а побарале 672.650“, - стои во одлуката на Владата.

    Со ова одлука се врши распределба на 29.647.474 денари (480.000 евра) од планираните средства во Буџетот на Владата за 2020 година.  Целта е невладините организации да ги информираат и да им помагаат на граѓаните и на ранливите и социјално загрозени групи.

    Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во Службен весник.

    (Д.Д)