×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Две златни медали за учениците од „Перо Наков“ на „Образовно рандеву“ во Кавадарци

    01.05.2025 08:04 | Оливера Пешевска

    Ученици од средното училиште „Перо Наков“ од Куманово освоиа златни медали во две престижни категории – модна ревија и јавно говорење на албански јазик, на средношколската манифестација „Образовно рандеву 2025“, која минатиот викенд  се одржа во Кавадарци.

    Две златни медали за учениците од „Перо Наков“ на „Образовно рандеву“ во Кавадарци

    На модната ревија учествувале 22 училишта од целата држава, и во силна конкуренција кумановските ученички  освоиле прво место. Од македонските паралеки своите модели ги презентирале ученичките: Сања Спасовска, Елена Илиевска, Тамара Крстевска и Емилија Илиевска, под менторство на професорките Викторија Крстевска и Снежана Лучиќ, како и Исра Абази, Амар Сулејмани и Ерџан Џеладини, менторирани од професорките Бјондина Латифи и Јусра Асани, од паралеките на албански јазик. Моделите биле целосно дизајнирани и изработени од ученици од текстилната струка, во училишните работилници.

    „Моделите оставија силен впечаток кај жирито – со оригиналност, но и со висок квалитет на изработка, па заслужено го добивме златниот медал“, истакна директорката Мила Жибак Димковска.

    Во категоријата јавно говорење на албански јазик, со злато се закити Блерона Бериша, ученичка од економската струка, за нејзиниот импресивен настап во јавно говорење, под менторство на Мирлинда Реџепи.

    Настанот го организираше Младинската асоцијација на средните стручни училишта на Македонија (МАССУМ), која годинава одбележува 20-годишен јубилеј. Секоја година, натпреварот се одржува во различен град и опфаќа бројни категории како: интервју за работа, модна ревија, драмска претстава, видео реклама, маркетинг план, спортски натпревари и други.

    Учениците од „Перо Наков“ учествуваа и во категориите фотографија и спорт, покажувајќи ангажираност и во други области покрај победничките.