Двегодишно дете од Куманово затруено со разредувач на боја, пренесено на лекување во Скопје
31.07.2026 10:35
| KumanovoNews
Двегодишно дете од Куманово било затруено со средство за разредување боја.
Според СВР Куманово, случајот кај нив бил пријавен вчера во 14 часот од Општата болница Куманово, откако кај нив било донесено детето со симптоми на труење.
По укажаната лекарска помош, детето било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување.
Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот