Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Црвениот крст Куманово, минатата година организираше 58 крводарителски акции во кои се собрани 2936 крвни единици.
Тоа е двојно повеќе во однос на предходните години кога годишно имало околу 1700 крводарувања. Меѓу крводарителите се поголем број се млади луѓе.
Задоволни сме од постигнатиот успех, но секогаш треба резултатите да се потврдуваат и зголемуваат. Младите се носители на многу акции, а имаме и зголем број на млади крводарители, кои се вклучуваат во овој процес. Со ФЗЦ, некои јавни институции, невладиниот сектор, наши иницијативи и на трансфузија, се обезбедуваат доволни единици на крв - вели Иле Митковски, секретар на Црвен Крст Куманово.
Куманово е еден од водечките градови во државата по успесите на полето на крводарувањето и хуманоста.