×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Џамалари со маски ги растерувале лошите сили и караконџули, обичаи за Василица во кумановско

    13.01.2023 16:34 | KumanovoNews

    Според Јулијанскиот календар, вечерва на полноќ настапува православната Нова година, додека, пак, утре на 14 јануари се празнува Василица.
      

    Џамалари со маски ги растерувале лошите сили и караконџули, обичаи за Василица во кумановско

    Во кумановско, за овој празник карактеристични се обредните игри под маски, бидејќи се верува дека од 7 до 19 јануари во т.н некрстени денови низ селата и градот шетале лоши сили и зли духови караконџули, кои  треба да се растераат.

    „Постојат многу обичаи коишто се од пагански каркетер за овој празник. До неодамна беа познати џамаларските игри во с. Орашац, каде што учествувале исклучиво машки лица и се маскирале во зет, невеста, поп, мечка, коњ, овен. На себе ставале маски за да го исплаши демонското суштество за да избега од селото. Обично лицето го мачкале со саѓи. Иако овие подготовки ги правеле неколку дена пред самиот празник, доаѓало до израз нивната инвентивност, нивната интерпретација, бидејќи самото население било публика пред кои тие ги изведувале овие ритуални игри“, изјави м-р Анита Стојчевски, кустос советник етнолог во НУ Музеј Кумaново.

     

    Подготовките за празникот започнувале рано наутро на чело са гаудија или главниот водич на самата игра, на сред село го играле василичарското оро и продолжувале во домовите на домаќините каде што ги благослувале за среќа, здравје, бериќет и за тоа добивале подароци од брашно, вино, ракија. 

    „На крај на денот се собирале на сред село, палеле огин, што всушност означувало почеток на Нова година, раѓање на ново Сонце и го одбележувале почетокот на нов период“,  додава Стојчевски.

    Во семејствата овој празник карактеристен по правењето на качамак од пченкарно брашно и свинско маст, а декорирано со чварки. Трпезата била надополнета со традиционално јадење бареница од пченкарно брашно, која се прави на 14 јануари.

    Во некои градови како Прилеп, Охрид и Битола се крши пита со паричка на овој ден и верувањето дека во кога ќе се падне ќе го прати среќа и бериќет цела година, додека во кумановско таков обичај има за Бадник. Во Музеј Куманово традиционално се крши лебче со паричка денеска.

    Ивана Алексовска