Џамаларите ја прославија Василица во Орашац
Џамаларите денеска во селото Орашац го прославија третиот ден од празникот Василица.

Според народните верувања, се смета дека џамаларите маскирани ги истеруваат духовите од селото. Организаторите велат дека лошото време не ги поколебало, и маскенбалот се одржа и покрај врнежите од снег, а на маскенбалот присутни беа и гости од Кавадарци.
Половина село изодевме, нашите мајки, домаќинки, ќерки, баби сите го негуваат обичајот со топла ракија, мекици, баници, секој на свој начин нема правилник кој што ќе ни даде. Одиме во домовите, во дворовите за да ги избркаме лоши духови во овие некрстени денови. Секој кој сака учествува. Внимаваме ликовите да бидат убави, да одговараат, невеста, младоженец“-изјави Крсто Милошевски, организатор.
Милошевски објаснува дека ова е традиција која трае 4 деценции. Вакви маскенбали се одржуваат и во други населени места, а тие се наградувани на фестивали во Струмица, Прилеп, Свети Николе, Скопје и Куманово.
За прв пат доаѓаме тука. Се збратимивме пред 2-3 дена, беа кај нас, ги пречекавме добро. Нашата група се вика Ресавски џамалари, датира околу 100 години. Ја негуваме нашата стара традиција, македонска инаку на 13-ти навечер палиме голем огин и до изутрина тие излегуваат околу огинот и минуваат низ куќите, вечерта се збираат и заеднички го делат - вели Коце Ризов, џаламар од Кавадарци.
Постарите жители на селото се среќни што традицијата се одржува и велат дека и помладите имаат интерес да се вклучат во маскенбалот за Василица.