×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Еден новозаболен од коронавирус во Куманово

    31.08.2020 12:50 | KumanovoNews

     Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа во Куманово е регистриран само еден нов случај на коронавирус.

    Еден новозаболен од коронавирус во Куманово

    Во државата во последните 24 часа се направени 450 тестирања, а регистрирани се 11 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 3, Куманово 1, Тетово 1, Гостивар 1, Гевгелија 1, Крива Паланка 1,Берово 1,Виница 1, Делчево 1.

    Починати се 3 лица, пациент од Гостивар (51), пациент од Прилеп (65) и пациентка од Виница (78).

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 95 оздравени пациент од: Скопје 44, Штип 16, Прилеп 3, Велес 2, Кавадарци 4, Гостивар 2, Гевгелија , Струмица 2, Кочани 2, Пробиштип 1, Македонски Брод 2, Виница 3, Свети Николе 11, Кичево 1, Неготино 1.

    Досега во земјата се направени вкупно 148.269 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14341, бројката на оздравени пациенти е 11157, на починати е 603, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2581.