×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Еден починат и 23 новозаболени од кронавирус во Куманово

    03.04.2020 12:47 | KumanovoNews

     Дваесет и три нови случаи од корнавирус се регистрирани во Куманово во изминатите 24 часа.

    Еден починат и 23 новозаболени од кронавирус во Куманово

    Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти.

    Едниот пациент на возраст од 70 години од Куманово кој од коморбидитети имал хипертензија и срцева слабост, неговиот резултат на Ковид-19 се уште не е готов. Другиот е пациент на возраст од 68 години, од село во околината на Тетово, кој имал артериска хипертензија.

    Денеска од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, со два контролни негативни теста на Ковид-19 се испишани тројца пациенти кои се во добра здравствена состојба и тие заминуваат дома.

    Во изминатите 24 часа регистрирани се 46 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Куманово-23, Скопје-13, Дебар-2, Прилеп-1, Тетово-2, Велес-2, Гостивар -1, Гевгелија -2.

    Министерството за здравство информира дека меѓу потврдените случаи од Куманово,  има нови потврдени здравствени работници позитивни на Ковид-19 од болницата во Куманово, за кои Министерот за здравство  Венко Филипче дополнително ќе информира на редовната прес конфенција.

    Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 430 лица. Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:

    Скопје – 208

    Куманово -85

    Дебар – 49

    Штип-15

    Прилеп – 22

    Тетово – 15

    Струга – 9

    Велес – 8

    Битола – 4

    Охрид – 3

    Кавадарци – 2

    Гостивар – 2

    Гевглелија – 4

    Струмица – 1

    Крива Паланка- 2

    Кочани - 1

    Во изминатото дено-ноќие направени се 389 теста од кои преку ИЈЗ- 222. Преку Ветеринарен факултет – 13, лабораторија Авицена- 22, Биотек – 20 и Филип Втори (Жан Митрев) – 112. Досега во земјата се направени 4.506 тестирања на Ковид-19.