Еден починат од ковид-19, уште 53 новозаболени во Куманово

15.08.2021 21:00 | Сузана Николиќ

Во последните 24 часа регистрирани се 805 нови случаи на ковид-19, а направени се 6.980 тестирањa.

Еден починат од ковид-19, уште 53 новозаболени во Куманово

Во последните 24 часа регистрирани се 805 нови случаи на ковид-19, а направени се 6.980 тестирањa.

По градови во:Скопје – 240, Гостивар – 138, Тетово – 136, Куманово – 53, Струмица – 50, Кичево – 46, Охрид – 32, Дебар – 18, Битола и Струга – по 15, Велес – 13, Кавадарци – 9, Прилеп и Свети Николе – по 7, Штип – 6, Кочани, Ресен и Радовиш – по 4, Берово и Виница – по 2, Валандово, Демир Хисар, Кратово и Македонски Брод – по 1.

Пријавени се 10 починати лица: 4 починати лица од Тетово (53, 72,72 и 73), 2 од Кичево (28 и 53), и по едно починато лице од Гостивар (44), Скопје (56), Дебар (86) и Куманово (60). Сите починати лица се починати во болнички услови.

Регистрирани сe 77 оздравени пациенти од: Гостивар – 33, Скопје – 21, Дебар – 10, Куманово – 4, Струмица – 3, Кавадарци – 2, Кичево, Битола, Виница и Кочани – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 1.062.292 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на кови-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 162.164 бројката на оздравени пациенти е 150.851, на починати е 5.552, а бројот на активни случаи изнесува 5.761

2008 - 2021 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk