Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Дејан Велковски (33) од Куманово загина, а неговиот роднина Игор Д. (30) од Скопје се бори за живот, откако автомобилот во кој се превезувале вчера излетал од магистралниот пат Куманово-Крива Паланка.
Сообраќајната несреќа се случила во 03.45 часот во м.в. „Света Петка„ во селото Младо Нагоричене, кога возачот на голфот, додека се движел по средата коловозна лента кон селото Војник изгубил контрола на возилото и удрил во брегот покрај патот. При тоа колата неколкупати се превртела и завршила на патот. Додека возилото се тумбало од него испаднале возачот и патникот, па едниот завршил во брегот а другиот на патот.
Во незгодата Дејан починал на лице место, додека Игор се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен на лекување во Ургентниот центар во Скопје.
Случајот во полиција го пријавиле возачи кои налетале на превртената кола на патот.
Увидот извршиле екипи од СВР Куманово, истражен судија и јавен обвинител, а се работи на утврдување кој управувал со возилото и кои се причините на несреќата.