×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Едно прваче во школото во Клечовце

    03.09.2013 13:01 | KumanovoNews

     Во ОУ “Вера Которка“ во село Клечовце годинава во прво одделение се запишало само едно дете.

    Едно прваче во школото во Клечовце

    Како резултат на паднатиот наталитет во руралните средини секоја година се запишуваат се помалку деца, а некои од училиштата и целосно се затвораат.

    Лани имавме 8, а сега само едно прваче од село Клечовце. Тоа ќе учи во комбинирана паралелка со учениците од трето одделение. Во училиштето имаме вкупно 56 ученици од 1 до 9 одделение - вели директорот Тоде Михајловски.

    И ОУ “Карпош“ од село Љубодраг важи за едно од најмалите училишта на територија на Општина Куманово, но кај нив годинава има 15 првачиња.

     Лани имавме 14, а сега има 15 првачиња од три села Умин Дол, Љубодраг и Ново Село. Кај нас последниве години бројот на првачиња се движи помеѓу 10 и 20. Тие си учат во посебни паралелки - рече Владимир Јовановиќ директорот на ОУ “Карпош“.

    Раководителот на секторот за образование во Општина Куманово, Миле Стојменовиќ објаснува дека Советот на Општина Куманово секоја година ја разгледува бројната состојба во училиштата, но во последниве години немало иницијатива за реорганизација на некое училиште. Тој потенцира дека ова процедура може да се направи на иницијатива на општинскиот совет, но во соработка и со согласност на ресорното министерство.