×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Едукација за електронски даноци

    12.01.2011 15:54 | KumanovoNews

    Денеска во Куманово се одржа едукација за даночните обврзници, правните и физички лица за електронско пријавување на даноците.

    Едукација за електронски даноци

     Пред присутните зборуваше Весна Шалева раководител на Одделение од регионалната дирекција  Штип.

    Електронскиот систем "е-Даночни сервиси" овозможува да се користи современ, ефикасен и безбеден начин за поднесување на даночни пријави до Управата за јавни приходи. е-Даноците обезбедува едноставна употреба, постојана електронска комуникација со УЈП и брзо процесуирање на податоците. Овој систем е наменет за сите правни лица и вршители на дејност, кои имаат обврска за поднесување на даночни пријави до УЈП. На овој начин може да се врши електронско поднесување на пријави за данок на додадена вредност,  пријава за фискална апаратура, пријава за данок на добивка и пријава за персонален данок на доход - беше речено на предавањето.

    За да се користи овој систем потребно е пристап до интернет, е-пошта и можност за скенирање на документите  кои се праќаат по електронски пат. Заинтересираните  треба да  поднесат образец „БКИ„ до УЈП за добивање на корисничко име и лозинка за пристап во системот, по што УЈП издава корисничко име и лозинка со кои се пристапува до системот.