×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Едукативно предавање за превенција од корона вирусот на припадниците на АРМ

    13.02.2020 09:34 | KumanovoNews

     Црвен крст на Република Македонија – општинска организација Куманово, вчера организираше eдукативно предавање за превенција од корона вирусот за припадниците на АРМ.

    Едукативно предавање за превенција од корона вирусот на припадниците на АРМ

    - Предавањето беше спроведено во касарната „Боро Менков” – Куманово, а предавач беше д-р Јадранка Стаменковска- епидемиолог од Центарот за Јавно здравје Куманово, која преку презентација објасни што претставува корона вирус, како се пренесува, кои се симптомите, како и мерки кои треба да се превземат да се превенира болеста, - информираат од Црвен крст.

    На предавањето присуствуваа 44 припадници од Армијата.

    Досега од корона вирусот, наречен COVID-19, починаа над 1.100 луѓе, а бројот на заразени достигна 44.653.

    Најголемото кризно жариште надвор од Кина е јапонскиот крстосувач, со вкупно 175 заразени. На бродот се и тројца Македонци, кои не се меѓу заразените.

    Крузерот е ставен во карантин на две седмици откако пристигна во Јокохама, јужно од Токио, на 3 февруари, а откриено е дека маж што се симнал во Хонг Конг бил заразен со вирусот.