Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Шестчлена екипа од Црвен Крст Куманово во петок и сабота ќе учествува на државниот натпревар по прва помош кој ќе се оддржи во Струга.
Волонтерите од Црвен Крст беа најдобри на општинскиот натпревар по прва помош и како победници своите знаења ќе ги презентираат на државен натпревар.
Натпреварот ќе се оддржи во Центарот за кадри и рекреација "Солферино". Натпреварувачите ќе бидат сместени во шаторска населба. Според организацијата на натпреварот, ќе има 8 работни места распределени во 2 траектории со вкупно 28 повреди и реанимација - вели Сања Голубовска, координатор на млади во Црвен Крст Куманово.
На 20 - от по ред државен натпревар за прва помош во фокусот ќе бидат и сообраќајните незгоди.